Лидија Капушевска-Дракулевска - Свет зад светот

Лидија Капушевска-Дракулевска - Свет зад светот

„С

вет зад светот“ е нова теориска книга на Лидија Капушевска-Дракулевска, тематски врзана за македонската книжевност. Таа претставува надоврзување и надградување на клучните преокупации и интерпретативни стратегии на Капушевска-Дракулевска разработени во нејзиниот богат и разновиден есеистички опус. […] Може да се рече дека есеистичката збирка „Свет зад светот“ има и еден историски и еден актуелен аспект: таа ја промовира поетиката на одделни авторски писма од македонската книжевност, покажувајќи го континуитетот и поетичкиот новум на нашата национална литература, како во еден конкретен историски, така и во еден современ културен контекст. […] „Свет зад светот“ од Лидија Капушевска-Дракулевска одново ја потврдува научно-акрибичната и есеистички суптилната постапка на авторката. Капушевска-Дракулевска ги прави своите анализи со јазик и стил кои се несомнено научни, но кои, истовремено, по својата култура на изразот, исцело одговараат на уметничката материја за која станува збор.

Акад. Влада Урошевиќ

Број на страници: 308

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962)

Лидија Капушевска-Дракулевска (1962) е редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Член е на македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија; на Здружението за компаративна книжевност на Македонија, на Европската мрежа за компаративни проучувања (REELC) и на Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност (AILC). Објавува есеи и студии од областа на книжевната фантастика, толкувањето на поетски текстови и компаративното проучување на книжевните феномени. Авторка е на девет книги („Во лавиринтите на фантастиката“, 1998/2004; „Поетика на несознајното“, 2001; „Поетика на изненадувањето“, 2003; „Маргарита по трагите на Мајсторот“, 2006; „Калеидоскоп“, 2011; „Созвучја“, 2015; „Мозаик од гласови“, 2018; „Авторот во огледало“, 2021; „Свет зад светот“, 2023), како и е приредувач на неколку домашни и странски изданија.

Препорачај ја книгата