поред едно од најважните драматуршки правила, приказнава започнува од големиот земјотрес, кој во 1963 година шеесет и пет проценти од градбите на Скопје ги претвора во прав и пепел. Во своето исцрпно дело, авторката ги сплотува судбините на Варшава и на македонската престолнина; човечката драма, несигурноста, очајот, а потоа и неверојатната мобилизација и триумфот на духот се мотиви што ги знаеме од сопствениот двор. Напишана со занес, жанровски разнородна и густа со информации, приказната за преродбата на градот пред сѐ е голема пофалба на солидарноста. Денеска, кога ни е најпотребна, книгава се покажува како особено актуелно и важно четиво“.
Малгожата Рејмер, писателка, авторка, меѓу другите, на книгите: Букурешт. Прав и крв и Кал послатка од мед
„Фасцинантна, многуслојна книга. Израз на страста и компетенцијата на авторката, која, пишувајќи за мисијата на варшавските урбанисти во Скопје и за судбината на Северна Македонија, ја открива заборавената солидарност на Полјаците со Македонците, врската на Полска со Балканот. Оваа прекрасна публикација има уште една основна димензија: го прикажува европското наследство преку палимпсестот Скопје – местото каде што се вкрстуваат христијанството, исламот, јудаизмот и атеистичкиот хуманизам. Кинга Нетман-Мултановска раскажува за градот покрај Вардар како за своја мала татковина, зашто ѝ подарил нова перспектива за запознавање на себеси и на својата култура. Љубовта кон ова парче земја ме зарази и мене. Скопје е и наша судбина, наша Европа. Скопје сме ние!“
Базил Керски, директор Европскиот центар на солидарноста во Гдањск
Превод од полски јазик: Филип Димевски
Број на страници: 492
| Формат: 240 x 170 мек повез



Кинга Нетман-Мултановска
Кинга Нетман-Мултановска – д-р по хуманистички науки, англист, дипломирала на Универзитетот „Адам Мицкевич“ во Познањ. Лекторка по полски јазик во Киргистан и Грузија, културна менаџерка. Авторка и коавторка на публикации посветени на полските траги во Грузија и во Северна Македонија, кураторка и иницијаторка на изложби, настани и публикации поврзани со уметноста, архитектурата и полското културно наследство во странство. Во годините 2014 – 2018 живеела во Скопје.
