Портрет - Бруно Шулц

Бруно Шулц (1892 – 1942) – полски прозаист, сликар, графичар и литературен критичар од еврејско потекло.

Се родил во Дрохобич, претежно еврејски град. Студирал архитектура во Лавов и поголемиот дел од животот го поминал во родниот град, каде што работел како учител по цртање во гимназија. Врз него интелектуално влијание извршила Млада Полска и германската литература од првата декада на XX-от. Во 1934 год. ја издал својата прва книга, Продавниците со боја на цимет. Поттикнат од младите литерати и издавачите, тој ја издал својата втора книга, Санаториумот во знакот на Клепсидрата. Целото негово прозно творештво се ограничува на тие две книги, кога ракописот на романот Месија, над којшто потоа работел, се загубил. Потоа пишува уште неколку раскази и критички есеи, кои сега за првпат се појавуваат на македонски јазик. Како Евреин, Шулц бил одведен во гетата во Дрохобич и таму бил убиен.

Врз основа на неговите раскази, како и за животот и делото на Бруно Шулц, снимени се и неколку филмски остварувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *