Игнаци Карпович - Соња

Игнаци Карпович - Соња

Превод од полски јазик: Филип Димевски

страници: 167 формат:195×125 цена:250

Во животот на Соња се завршило одамна, многу одамна, заедно со војната. Тогаш толку преживеала и почувствувала што потоа веќе ниту живеела ниту чувствувала, имајќи ги само спомените и кучешкото ремче со готски натпис. Случајната средба покрај селскиот пат го означува почетокот на приказната која конечно може да биде ислушана.

Повереник на Соња станува Игор – театарски режисер – кој неочекувано се нашол некаде надвор од мобилната мрежа. Тој веднаш ја преобразува приказната на старката во театарска претстава, создавајќи сопствена верзија на настаните. А кога веќе би можело да се помисли дека ги исцрпел сите идеи, во селската колиба се појавува Игнаци, кого Игор упорно се трудел да го заборави…

Соња е голема, сепак мала, едноставна, сепак тешка, стишена, сепак полна со емоции, пацифистичка, но сепак истовремено брутална приказна преполна со љубов. Авторот ја искористува конвенцијата на воената романса за да раскаже за минатото и за сегашноста; за она тука и она таму; за пеколот и за рајот на сеќавањето.

Соња.pdf

Нарачај