ештера и други раскази“ е збирка избрани раскази од Евгениј Замјатин, еден од најважните руски автори на XX век. Збирката содржи девет раскази од разни периоди на неговото творештво – од неговите авторски почетоци, до подоцнежното творештво – па е интересно да се види авторскиот развој и тематските преокупации на Замјатин. Расказите се тематски мозаик, но сите раскази ги обединуваат луцидноста, уникатното чувство за хумор, честопати жестоката реалистичност во сликањето на настаните, како и гротескноста карактеристична само за Замјатин. Расказите се надополнето уште со два текста, неговата „Автобиографија“, каде што Замјатин ги наведува најважните факти од својот дотогашен живот, како и култното „Писмо до Сталин“, едно од најпознатите писма во руската книжевност.
Автор: Евгениј Замјатин (1884 – 1937)
Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски
Број на страници: 188
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110