Евгениј Замјатин - Ние

Евгениј Замјатин - Ние

„Н

ие“, напишана во 1920 г., е приказна за тотално организирано општество во кое граѓаните не се личности, туку обични броеви што живеат речиси идентични, регулирани животи. Таквото општество се темели врз идејата дека среќата и слободата заемно се исклучуваат. Метафорично бирократизирајќи ги човечките судбини, Замјатин, на некој начин, го предвидува хоророт на тоталитаризмот (сталинизмот и нацизмот) што ќе претстои во блиска иднина по пишувањето на книгата. Поради острата сатира на тоталитаризмот, романот „Ние“ бил првата книга што била забранета од државната цензура во Советскиот Сојуз, каде што првото издание се појавило дури во 1988 година. Денес, овој роман се смета за класик на дистописката книжевност и за едно од клучните дела на советската и светската книжевност. Ова дело му послужило како инспирација на Џорџ Орвел за неговиот роман „1984“, а извршило големо влијание и врз другите познати дистописки писатели, како: Курт Вонегат и Олдус Хаксли.

Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски

Број на страници: 195

Едиција: Ре:генерација | Формат: 240×150

Извадок од книгата

 

Нарачај дома

Евгениј Замјатин

Евгениј Замјатин (1884–1937) – руски писател кого книжевноста го памети како еден од пророците на XX век. Се занимавал со математика, бродоградителство и книжевност, но себеси се нарекувал „професионален еретик“. Иако на почетокот од својата творечка активност живее и работи во Англија, а животот го завршува во егзил во Париз, сите негови дела се напишани на руски јазик. По повеќедецениската забрана во родната земја, неговиот опус излегува од сенката во матичната книжевна средина дури на крајот од 80-те години од минатиот век. Во својот опус ги интегрира влијанијата на класичната руска книжевност и на западната книжевна традиција, кои му биле одлично познати. Иако на почетокот уживал почит меѓу водечките советски писатели и имал високи позиции во револуционерните книжевни кругови, протеран е од земјата поради својот бескомпромисен презир кон „книжевното арамолепство, сервилноста и камелеонството“, кои, како што вели, „подеднакво ги понижуваат и писателот и револуцијата“. Според него, „науката, уметноста и животот живеат преку еретиците“. Замјатин е автор на многу раскази, новели и драми, како и на два романа: Ние (1920) и Бичот Божји (незавршен).

Препорачај ја книгата