Ева-Мари Лифнер - Lacrimosa

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 270 формат: 200×130 цена: 350

Lacrimosa на Ева-Мари Лифнер е вешто напишана и фасцинантна приказна за Карл Јунас Луве Алмквист и едно диво дете што го наоѓа кога работи како учител во Финска. Алмквист се грижи за детето, го воспитува во духот на Русо. Детето е девојче, но поголемиот дел од својот живот го поминува како маж. Тоа дете, околу кое се одвива дејството во романот, низ него се појавува како Рос, Роса и господинот Рос. Ликот поизлегува од еден од најинтересните ликови во шведската литература, Тинтомара. Рос е раскажувачот и го следиме нејзиниот живот во еден преплет на разни временски периоди. Низ поетичната драма следиме и една вткаена нерешена криминалистичка загатка, но романот пред сè е согледување на разните условувања на родот.

Lacrimosa.pdf

Нарачај