Данил Хармс - Паѓаат старици

Данил Хармс - Паѓаат старици

Н

есреќни случаи, апсурни случки, таинствени исчезнувања, неверојатни или неповрзани настани, убиства, тепачки, итн., се вообичаените мотиви во кратките раскази на Хармс во кои дава гротескни и обездуховени слики на светот. Во неговите минијатури, необични настани се случуваат на секој чекор, понекогаш и во секоја реченица. Иако овие слики создаваат остар контраст меѓу сивото советско секојдневие и фантастичниот и апсурден Хармсов книжевен свет, тие прикажуваат една заедничка одлика на овие два света – исполнетоста со крвави настани. Неговите психолошки сведени ликови, претставени само со своите карикирани имиња, се претставници на „малите луѓе“, кои во книжевноста ги вовел Гогољ, но кај Хармс тие се карикатури и пародии што меѓусебно се онеспособуваат, осакатуваат и убиваат. Најпосле, и самото дејство во делата на Хармс е пародија на вообичаеното дејство во книжевноста, т.е. таа е сведена само на повторување неколку несмасни обиди на „малиот човек“ да изврши некоја основна работа. Книжевното кредо на Хармс може да се согледа од еден запис во неговиот дневник, кој потекнува од 1937 год., каде што вели: „Мене ме интересира само бесмислицата, само она што нема никаква практична смисла. Ме интересира само грдата страна на животот. Херојството, патосот, бестрашноста, јунаштвото, хигиената, моралот, патетиката и хазардот – одбивни ми се и како зборови и како чувства. Но, целосно ги разбирам и ги уважувам: занесот и восхитот, инспирацијата и очајот, страста и воздржаноста, распуштеноста и невиноста, тагата и несреќата, радоста и смеата“.

Автор: Данил Хармс (1905-1942)

Превод од руски јазик: Ѓорѓи Крстевски

Број на страници: 156

Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата