Гонсало Тавареш - Кварт

Гонсало Тавареш - Кварт

„Кварт“ е книжевна населба во која живеат десетмина чудаци, десетмина истовремено наивни и луцидни господа (senhores), кои имаат свои преокупации. Овие десетмина соседи, кои со чудни мерки ги мерат улиците, тротоарите, дворовите, кафулињата, салите и куќите во утопиското маало, носат имиња на познати писатели: Пол Валери, Анри Мишо, Бертолт Брехт, Роберто Хуарос, Карл Краус, Итало Калвино, Роберт Валзер, Андре Бретон, Емануел Сведенборг и Томас Елиот. Зад секој агол во квартот чека некој нов парадокс, а за секоја зборовна формула има соодветен цртеж. Делото може да се сфати како омаж на светските поети и прозаисти чии имиња ги носат ликовите, но и како важно дело во една книжевно-ликовна традиција што содржи култни книги како „Малиот принц“ на Егзипери, како фантастичен обид некои длабоки сознанија за секојдневниот и несекојдневниот живот да се доведат во чиста и едноставна форма, составена од расказ и цртеж. Книжевните портрети на Гонсало Тавареш и илустрациите на Ракел Кајано, едноставно, создаваат совршена целина, во која има доволно огледала за секој можен читател.