Владимир Мартиновски - Песнапат

Владимир Мартиновски - Песнапат

Н

ајновата критичко-толковна студија на Владимир Мартиновски, именувана „Песнапат“, овозможува увид во заемната синергична и игрива врска што се воспоставува меѓу книжевноста и патувањето, односно, меѓу заемната упатеност на поетот патник и домаќин со читателот странец и гостин. Овој обид за осмислување на безобличната бескрајност на зададената тема ја вообличува есеистичката книга „Песнапат“ како книжевно-компаративна, интеркултурна и имаголошка студија со која Мартиновски го согледува единството на светот на песната и патувањето на повеќе рамништа: како епифанија, како урбан номадизам, како лирски аџилак, како интермедијални проникнувања, како патувања меѓу телесното и духовното, сонот и јавето, домот и светот, просторот и времето.

Дарин Ангеловски

 

Број на страници: 358

Едиција: Перископ | Формат: 190 x 120 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Владимир Мартиновски (1974)

Владимир Мартиновски (Скопје, 1974) e поет, раска­жувач, есеист, теоретичар, книжевен преведувач, антологичар. Работи како редовен професор по предметот Компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Докторирал на Универзитетот Париз III – Нова Сорбона. Автор е на десет книжевно-теориски студии: Од слика до песна – интерференции меѓу современата македонска поезија и ликовните уметности (2003), Споредбени триптиси (2007), Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија (2009), Споредбени диптиси (2011), Зоон поетикон – аспекти на современата македонска поезија (2013), Narro ergo sum (2015), Поетски (ре)визии (2018), Далеку, а блиску (2020), Век со Конески, мигови со Блаже (2022) и Песнапат (2023). Автор е на книгите поезија: Морска месечина (хаику и танка, 2003), Скриени песни (хаику, 2005), И вода и земја и оган и воздух (хаику, 2006), Квартети за читање, гледање, пеење и слушање (2010), Побрзај и почекај / Harry up and Wait (песни во проза, 2011), Пред и по танцот (2012), Вистинска вода (2014), Внатрешни планини (2016), Сонувани и будни песни / Dream and Awake Poems (2017) и 101 сонет од една чудна пролет (2020), како и на три книги хаибуни: Ехо од бранови (2009), Мачка во магла (2016) и Небо без ѕвезди (2016). Автор е на три книги за деца и на збирката раскази Зоостории (2019). Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици. Приредил десетина антологии. Неговата поезија е застапена во неколку меѓународни антологии, а е објавувана и во голем број списанија. Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ (2009), на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата (2010), на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика на ДПМ (2013), на признанието „Витез на македонскиот пишан збор“ (2014), „Лирата на Орфеј“ (2020) и „Антев златник“ (2020). Се занимава и со други уметности. Многу сака да патува, но и да чита книги поврзани со патувања.

Препорачај ја книгата