о оваа чудна приказна се сосредоточува, како во оптичка леќа, монструозноста на XX век. Како почетна точка имаме инсценирана кризна ситуација, банкрот на смислата и загуба на метафизичките одредници. Потоа, набљудуваме процес на воспоставување нов Апсолут, обожавање на Младоста и Силата, конечно – ослободување од ирационалните нагони, спрема кои традиционалната (земјопоседничка) култура е беспомошна. Главните ликови им се препуштаат на своите мали порнографии потајно флертувајќи со тоа што е нечисто и развратно. Од сумираните перверзии, сепак се изродува нешто монструозно – злосторство што лесно може да се поврзе со лудостите на минатиот век. Во „Порнографија“, некои основни егзистенцијални теми што се провлекуваат низ целото творештво на Витолд Гомбрович наоѓаат идејно најсилен и книжевно најчист израз. Можеби под перото на друг писател оваа приказна би се свртела во расказ за „тревога“. Сепак, Гомбрович нема темперамент на моралист, не поучува, не поставува јасни вредносни знаци. Само нѐ вовлекува во авантура („една од најкобните“) и нѐ поставува во необично двозначна позиција – на сведоци на катастрофа, заговорници против здравиот разум и обичајниот морал, соучесници на потајно задоволство.
Автор: Витолд Гомбрович (1904-1969)
Превод од полски јазик: Филип Димевски
Број на страници: 215
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110