родавниците со боја на цимет“ и „Санаториумот во знакот на Клепсидрата“ се збирки раскази што ги раскажуваат семејните случки на трговско семејство од едно мало гратче, каде што не е тешко да се забележи сличноста со Дрохобич, родниот град на писателот. Авторот на тие случки им додава митолошки вредности, што е карактеристичен Шулцов начин на изразување – честопати визионерски, ониричен и поетски. Па, така, тоа е „митологизирана реалност, преработена од фантазијата, артистички деформирана и збогатена со огромен број референции или алузии кон многубројни литературни дела, возвишени митови и други поегзотични подрачја на реалноста“. Реалноста на расказите слободно се меша со фантастиката. Предметите честопати имаат својства на живи суштества, животните добиваат човечки карактеристики, банални чинови се возвишувани до рангот на митовите. Младиот Јузеф, кој ја има функцијата на наратор, особено е фасциниран од Таткото, повеќезначен лик, којшто функционира на границата помеѓу живите и мртвите.
Автор: Бруно Шулц (1892 – 1942)
Превод од полски јазик: Лидија Танушевска
Број на страници: 408
Едиција: Арс Магна | Формат: 180×110