„Банкарот анархист“ од Фернандо Песоа за првпат на македонски јазик

Новости

Фернандо Песоа (1888 – 1935) – португалски поет, писател, литературен критичар, преведувач и филозоф, претставник на модернизмот.

Иако познат како еден од најголемите поети кои твореле на португалски јазик, Песоа пишувал и објавувал кратки раскази, драми, детективски романи, книжевна и политичка критика. Бил водечка фигура на авангардното книжевно списание Орфеј. Неговите дела претставуваат почеток на португалскиот книжевен модернизам.

Творештвото на Песоа се материјализира низ неговите хетероними, измислени книжевни алтер ега со сопствени биографии, ставови, стилови и литературни изрази, често во потполна спротивност со неговите. Најплодни биле Алберто Каиру, Рикардо Реиш, Алваро де Кампуш. Тој имал особен интерес и познавање од окултните учења, спиритизмот и астрологијата. За негово ремек-дело се смета Книга на немирот (1982).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *