Наскоро започнува седмото издание на фестивалот АртАреа/Артерија, кој ќе се одржува во периодот 15-17 септември на две локации – МКЦ (16.9) и Буква (15 и 17.9). Годинава, по повод 60-годишнината од Скопскиот земјотрес, фестивалот е фокусиран на градот Скопје.
Како и секоја година, ќе имаме можност да проследиме три фестивалски денови со по три настани во секој од нив. Па така, ќе имаме прилика да бидеме дел од пет книжевни промоции на тројца македонски и двајца странски автори, промоција на стрип, поетско читање, два музички настапи и две изложби.
Програма на мултимедијалниот фестивал „АртАреа #7“
Денови на одржување 15-17 септември 2023
Локации на одржување: кафе-книжарница Буква и МКЦ
(МКЦ галерија 15-17 септември) Изложба на поштенски разгледници, слајдови и урбанистички планови „Од Варшава до Скопје“
(Буква 15-17 септември) Изложба на фотографии „Pars-mea“ од Андријана Антова
15.09.2023 (Буква)
19:00 Промоција на „Мина“ од Игор Анѓелков (Или-или, 2023; промотори Ана Мартиноска и Максим Ристески)
20:00 Промоција на „Рудникот“ од Миодраг Мајиќ (Антолог, 2023; промотори Јордан Коцевски и Душко Крстевски)
21:30 Скопје радост ти ќе бидеш – музички радости со Марсо
16.09.2023 (МКЦ; Кино Фросина)
19:00 Промоција на „Рефлексии“ од Тони Димков (Бегемот, 2023; промотор Атанас Конески)
20:00 Промоција на книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска (Бегемот, 2023; модератор Филип Димевски; учествуваат Кинга Нетман-Мултановска и Павел Вељаноски)
21:30 Џез концерт „Јузефчо трио“ (Филип Букршлиев гитара, Благојче Томевски бас кларинет, Нинослав Спировски тенор саксофон)
17.09.203 (Буква)
19:00 Пинг-понг промоција на стрипот „Скопје за почетници, добро упатени и понављачи бр.3“ од Ѓорѓе Јовановиќ и Иван Шопов (Бегемот, 2023)
20:00 Промоција на „Плачеш како кит“ од Ѕвездан Георгиевски (Бегемот, 2023; промотор Петар Андоновски)
21:30 Поетска епизода#7・Поетите за Скопје (организатор Култура Бета)