Алис Манро - Мил живот

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 356 формат:180×110 цена: 350

Илустрација на насловна страна: Наталија Лукомска

Облеани со онаа типична јасност на визијата на Алис Манро и нејзината неспоредлива дарба за раскажување, овие приказни за крајот и почетокот, за несреќата и опасноста, за заминувањето и враќањето, измислени и реални, сликаат блескави, неизбришливи портрети на чудниот, опасен и извонреден обичен живот. Едноставноста на јазикот во функција на комплексноста на животот достигнува неизмерни длабочини во чувствата. Манровата единствена способност да ни ја дава суштината на животот во често куси, но секогаш пространи и безвременски приказни, уште еднаш е очигледна  во оваа брилијантна збирка раскази. Приказна по приказна, таа го осветлува моментот кога животот е трајно променет поради некоја случајна средба, непреземен чекор, или едноставно поради играта на судбината која ја носи личноста од вообичаениот, навикнат пат кон нов начин на битисување или размислување.

Мил живот.pdf

Нарачај