Алек Попов – Црната кутија

Аквамарин Новости

Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски страници: 315 формат: 195×125 цена: 350

Мала црна пластична кутија со пепел е сè што Нед и Анго, двајца браќа од Бугарија, добиваат од смртта на татко им, професор Банов, генијален математичар што умрел во мистични околности како професор во Америка. Петнаесет години по смртта на таткото, патиштата на Недко и Ангел Банови, кои живеат сосема различни животи, се пресекуваат токму преку океанот, во Њујорк – едниот како претставник на Бугарите што „успеале во животот“, а другиот – на генерацијата транзициски губитници. Врз заднината на различните табиети и перспективи, на заедничкото лично минато и на урнебесните заплети на околностите во њујоршките авении, паркови, клубови и канцеларии, Нед и Анго влегуваат во серија фантастични авантури. Играјќи на границата на цела низа стереотипи поврзани со „современите теми“ (миграција, исток-запад, права на животните, светски заговори, корпоративни игри, судир на цивилизации, американизација, балканска сатира итн.), Попов плете динамична приказна, полна со тривијални сцени и фантастични настани, успешни залетувања и иронични пресврти, најбанални карактери и најчудни каприци. И никогаш не станува здодевно. На секоја страница, нешто ново и неочекувано провоцира и си поигрува со претпоставките.

Црната кутија.pdf

Нарачај